Малите порции нè задоволуваат повеќе

Едно од објаснувањата зошто по француските ТВ кулинарски емисии се служат мал милион минијатурни оброци за кои ние Балканците со мрштење велиме: „мх, е што е она, толицко парченце со магдонос на него.”

Психологијата зад количината која се наоѓа пред човекот што треба да ја изеде е многу едноставна. Доколку чинијата е преполна, а на масата има доволно репете за повеќе пати (трпеза во балкански стил) тогаш човекот едноставно не обрнува толку многу внимание на храната која ја консумира и несвесно „ждере” се додека не се чувствува сит.

Спротивно на ова, доколку порциите кои се служат се составени од помало количество на храна, човекот инстинктивно успорува со јадењето, станува посвесен за тоа што го прави, џвака повеќе и ужива во вкусовите и мирисите. Сево ова е едноставно контролирано преку самата количнина на храна која се наоѓа во чинијата, но може да има големо влијание врз начинот на исхрана на пример, едно семејство.

Во неколку различни експерименти докажана е токму оваа поврзаност на количината и однесувањето на луѓето кои ја јадат таа храна. Кога испитаниците знаеле дека имаат за тестирање само две чоколатца од вкупно шест, тие џвакале повеќе пати (во просек по 11 пати повеќе од другите), обрнувале повеќе внимание на јадењето и јаделе подолго време во однос на оние кои им било дадено до знаење дека ќе ги тестираат сите шест чоколатца. 


Сигурно ќе ве интересира КОНТРОЛИРАНА ПОРЦИЈА БЕЗ ВАГА И КОНВЕРЗИЈА


 

  • „Луѓето компензираат за малите порции со тоа што оддаваат повеќе внимание на карактеристиките на храната, со тоа што ги менуваат нивните навики на јадење и го успоруваат времето за коешто јадат, нешто што за возврат го зголемува чувството на ситост и ја намалува желбата за јадење повеќе од она што е доволно.”

Во прашање е битката меѓу „да се јаде додека си сит” и „да се јаде додека си задоволен”. Ова првото е главниот причинител на епидемијата на дебелина која се шири низ светот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија