Киноа – житарката на која и гурманите не ѝ одолеваат

Извлечена од подножјето на Андите, провлечена низ целата историјата, за денес да се смета за храна на иднината.

Оваа песвдожитарка изненадува со своите хранливи карактеристики. Псевдожитарка е затоа што можете да ја користите исто како и сите други житни растенија, па дури и како брашно, а сепак е далечен роднина на спањакот. Еве неколку нутритивни бенефити од киноата.

Хајфајв за вегетаријанците

Интересен факт е дека споредена со сите други житарки, таа е еден одличен извор на протеини. И тоа не само квантитатвно, туку во овој случај  импресивен е и квалитативниот состав. Имено за киноата важи дека преставува извор на комплетен протеин, ги содржи сите есенцијални аминокиселини, па дури и лизин и изолеуцин.

Оксидација (читај смрт) за слободните радикали

Истражувачите ѕирнале и во антиоксидансниот состав на киноата. Овие мали зрна имаат два флавоноиди, со тешки имиња за памтење, кверцитин и кампферол, ама моќно антиоксидансно дејство, можеби и поголемо од она на брусницата.

За железни крвни зрнца

Содржи голем процент на железо, потребно за создавање на хемоглобин и правилна дистрибуција на кислородот низ организмот. Но содржината и на магнезиум не е за потценување со околу 16% од дневните вредности во 100 грами киноа. Овој минерал учествува во над 300 ензимски реакции во организмот.

Па и железни нерви

Имено киноата е добар извор на витамин Б. Особено витаминот Б6 (пиридоксин) има улога и во правилно фукционирање на нервниот систем и има смирувачко дејство врз агитираните нерви. 

Годинава е година на киноата. Се очекува да заврши многу работа во сиромашните и гладни земји, може да биде главна состојка на многу вкусни гурмански јадења, а нејзината примена се екстендирала дури и до индустриски и фармацевтски
размери. Епа да ѝ посакаме едно добредојде и на нашите трпези.