Јапонска мушмула – нешто што мора да го пробате

Деликатно пакување со разигран вкус на лимон, манго и праска, кое крие многу здравје.

Можеби во некој двор наѕирнува дрво полно со жолти плодови, а можеби никогаш и не сте виделе јапонска мушмула. Добрата вест е дека успева и кај нас, лошата вест е дека е многу ретка. Сепак јапонската мушмула изобилува со здравствени бенефити.

Иако слатки, јапонските мушмули имаат многу малку калории, а изобилуваат со огромни количини на ПЕКТИНИ, несолубилни диетални влакна. Пектините имаат улога во одржување на здрав колон, така што ја влажнат слузницата, спречуваат контакт со токсични материи, а исто така врзуваат и канцерогени супстанци кои се исфрлаат надвор пред да имаат можност да делуваат.

Исто така ПЕКТИНИТЕ помагаат во намалување на холестеролот, спречувајќи негова повторна абсорпција во дебелото црево.

Јапонската мушмула е одличен извор на ВИТАМИН А и само 200 грами од овие плодови ја пополнуваат дневната потреба за овој витами. Витминот А е битен за острината на видот и здравјето на кожата. Освен витамини, овие овошки изобилуваат и со флавоноидни антиоксиданси.

Свежата јапонска мушмула е и одличен извор на КАЛИУМ, битен минерал за одржување на електролитниот баланс во телото, срцвиот ритам и крвниот притисок. Од другите минерали, содржи значајни количини железо, калциум, манган и Б комплекс.

Важна напомена: Не се лажете да ги пробате мазните интересни семки од јапонската мушмула бидејќи содржат многу токсични алкалоиди како цијаноген-гликозиди кои кога се конзумираат можат да предизвикаат животно загрозувачки симптоми како повраќање, недостаток на воздух па дури и смрт.

Затоа, особено за децата се препорачува да бидат надгледувани од возрасни лица додека го јадат ова овошје за случајно да не изедат и некоја семка.