Наслов

Храна што треба да се консумира во текот на зимата

Зимата носи радост поради зимските одмори, но исто така носи и ниски температури, ги зголемува шансите за разболување и депресивните фази!

Во овој период на ум треба да ја имаме силата на храната.

Промената на исхраната во текот на зимските месеци може да ни помогне да ги издржиме негативните влијанија што доаѓаат со зимата.

Црвени пиперки

Витаминот Ц е познат при намалување на заморот и зајакнување на имунолошкиот систем, што е многу потребен за време на студените зимски месеци. Црвените пиперки имаат три пати повеќе витамин Ц отколку еден портокал и се многу ефикасни при зајакнување на имунолошкиот систем.

Црвените пиперки содржат фитохемикалии и каротеноиди, особено бета-каротин, полни се со антиоксиданси и анти-инфламатори.

Печурки

Печурките треба да бидат дел од вашата исхрана во текот на зимата, бидејќи, како што велат нутриционистите, поседуваат антивирусни и антибактериски својства што се борат против инфекциите. Тие исто така се богати со витамин Д што помага за зајакнување на имунолошкиот систем.

Млечни производи и живина

Порај витаминот Ц, витаминот Д треба да се инкорпорира во зимската исхрана, поради придобивките што ги носи за менталната благосостојба.

Витаминот Д е најефикасен начин за борба против лошите чувства и депресија, а познато е дека сирењето го зголемува нивото на витамин Д, заедно со жолчката од јајцето, сокот од портокал, млекото...

Друга храна која пожелно е да ја консумирате во текот на зимата се: банани, цимет, диви боровинки и риба.

20 Декември 2017

За авторот