Цврста ерекција преку цврста кујна

Ако му лепнеме шамар на стресот, малата физичка активност, цигарите и алкохолот, и ако ги одземеме сите психолошко физиолошки препреки кон поцврстата ерекција кај мажите, на списочето ќе ни остане изборот на храната.

Одамна, а и денес, многу мајки им велат на своите ќерки. „Љубовта доаѓа преку стомакот”.. не е џабе речено – старите мудрости секогаш си коваат шајки и во иднината.

Ако сопругата, партнерката или девојката знае вкусно да готви, тогаш сигурно ви е залепена за срце, па затоа за следното пазарување на намирниците додадете и ваши цртички во списочето. Зошто? Затоа што многу автори го поврзуваат во корелација кардио васкуларното здравје и влијанието врз цврстата ерекција, каде храната игра важна улога во превентивата. Фактички се е еден сврзан систем, ендотелните клетки што ги формираат крвните садови се распространети насекаде во телото па така и во половиот орган. Квалитетната храна, а особено одредени намирници можат да го зачинат вашиот сексуален живот индиректно, влијаејќи на “посебен” начин.  Намирници кои се подредени во понатамошниот текст ќе ви помогнат во сузбивање и превентива на васкуларните абнормалности пред да можете да си помогнете само со одредени медикаменти. 

  •  Лубеница, содржи цитрулин, тој го потпомага создавањето на азот оксидот кој ја зголемува циркулацијата на крв во пенисот. рецепт за освежување
  • Темно чоколадо е познато по својот ефект на дилатација (опуштање на крвните садови) за повеќе од 10 % што ќе направи повеќе место и со тоа поголен волумен.
  • Црешите содржат флавоноиди кои ги отстрануваат слободните радикали од артериите и сотоа потпомагаат во подоброто крвоснабдување
  • Остриги, добро познатиот фродизијак,(кај нас тешко свежи да се најдат) полни со цинк, всушност го стимулира телото да продуцира повеќе тестестеронот што сам по себе ги катализира работите под чаршавите..
  • Путер и кравји продукти (особено оние што пасат трева) кои содржат витамин К2 го намалуваат ризикот од коронарни болести за половина 
  • Бананата содржи калиум кој пак ги релаксира ѕидовите на крвните садови, а истиот ефект Лукот го постигнува со зголемувањето на азот оксидот. рецепт за уживање
  • Оревите содржат аминокиселина како што е Л-Аргининот којa телото може да ја создаде но секогаш се потребни поголеми дози кои ќе бидат надокнадени со храната. Неговата улога е во создавњето на азот оксидот а воедно и во спречувањето на артеросклеротските промени, се грижи за флексибилноста на крвните садови и дава буст на имуниот систем и мускулниот раст. Така да ако имате орев во двор или на село, не го сечете. рецепт од баба
  • Ѓумбир водози од чајна лажичка два дотри пати во текотна неделата  го подобрува протокот на крв. течен ѓумбир
  • Индиското оревче според многу истражувања помага во зголемувањето на либидото и ја подобрува еректилната функција
  • Маслиново масло е тата мата за тестостеронот и делува противоспалително. Внимавајте воизборот и квалитетот на маслото
  • Лососот е полн со омега 3 масни киселини што го зголемува азот оксидот. лосос сендвич
  • Црвено вино, до две чаши бидејќи со понатамошна конзумација се намалува крво снабдувањето и нивото на азот оксидот.. 
  • Фстакот во едно истражување се покажал како потикнувач на еректилните функции, сексуалната сатисфакција, оргазмот и сексуалната желба… следниот пат кога на шанк ќе ви донесат фстак со пивото да му ставите бакшиш на келнерот.   Бадемот исто така се вбројува во оваа група на ”љубовници”..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија