Цитрусни овошја – повеќе од Ц витамин

Портокали, лимони, лимети, помело, мандарини, цитрони… секој член на оваа фамилија е вистинска ѕвезда по содржината на витамин Ц, но пофалбата може да оди многу подалеку од тоа. Читајте и активирајте ги цедалките…

Да почнеме од фактот што цитрусните овошја имаат минимална содржина на калории, па слободно можете да претерувате со нив. На пример еден мал портокал има само 45 калории, цитронот „дури“ 52, а лиметата има само 20 калории. Освен тоа секоја диета намената за губење калории препорачува цитрусни овошја, поради мислењето дека нискиот гликемичен индекс на истите доведува до забрзување на метаболизмот и согорување на масти.

Секако дека се одличен извор на витамин Ц, а уште поодлични се во фактот дека се достапни преку целата година. За Ц витаминот се смета дека е добра превентивна мерка против сезонските вируси, но исто така има антиоксидациско својство и ги неутрализира слободните радикали. Во присуство на овој витамин се зголемува апсорпцијата на железо во организмот, па добро би било храната богата со железо да ја комбинирате со сок од цитрусно овошје.

Дали знаете дека витаминот Ц во чашата со цеден портокал има поголема биорасположливост во човечкото тело отколку таблетите со истиот витамин?

Сепак во последно време се повеќе се назначува полезноста од цитрусните овошја заради виоките дози на флавоноиди кои ги содржат. Еден од нив е хесперидинот, ветувачка компонента која може да заштитува од некои видови на малигни заболувања, но исто така и ефикасен во подобрување на еластичноста на крвните садови и пропусливоста на капиларите.

Спомнавме дека содржат малку калории, но претставуваат богат извор на диетални влакна, малку подзаборавен нутрициенс со многу важна улога. Диеталните влакна овозможуваат нормална и регуларна столица, но и го намалуваат ризикот од атеросклероза и помагаат во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта. За целосно да го искористите цитрусното овошје како извор на диетални влакна, прескокнете го цедењето и почастете се со целиот плод. При процесот на цедење, диеталните влакна остануваат во делот што, за жал, го фрлате. Прочитајте повеќе на следниот линк: ОВАА ЛУШПА НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ФРЛИТЕ…

За крај пробајте некој од нашите цитрусни рецепти. Салата со булгур, домашна екстра лимонада или зимската сицилијанска салата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија