Бананата е суперхерој сама по себе

Моментот кога бананата веќе нема да ја гледате како обично овошје, бидејќи во следните неколку пасуси ќе ви презентираме неколку нејзини супермоќи…

Не е ни малку необично или чудно што најголемиот дел од врвните атлети, значи луѓе што не воодушевуваат со своите физички способности, ја бираат токму бананата како омилено овошје и ужинка. Се смета дека само 2 банани се доволни за 90 минутна физичка сесија.

Бананата содржи три прости шеќери – сахароза, фруктоза и глукоза – кои во комбинација со диеталните влакна даваат стабилен и постојан извор на енергија, но енергијата не е единствениот бенефит што го добивате од бананите…

АНТИ БЛУЗ ефектот на бананата се должи на високите количини на триптофан што ги содржи.  Оваа аминокиселина во организмот се преработува до серотонин – хормонот што ни ги развлекува усните во широки насмевки. Дури и спроведени се неколку студии каде лица со дијагностицирана депресија, изјавиле дека се чувствуваат подобро после јадење банана.

КАЛИУМ ЗА ИЗВОЗ а сепак ниската содржина на натриум, ја прави бананата одличен регулатор на крвниот притисок и извор на минерали. Освен калиум, бананата изобилува со магнезиум и железо.

РАЗБУДЕНИ НЕВРОНИ кај студентите и зголемена алертност на часовите се резултат од едно испитување спроведено во англиско училиште со над 200 ученици кои конумирале банана на појадок, на ручек и на вечера. Благодарение на шеќерите во бананата мозокот добива лесно достапно гориво за да функционира беспрекорно.

ЛАКСАТИВЕН ЕФЕКТ без потреба од синтетски лаксативи. Богатството од диетални влакна кои ги содржи бананата ја подобруваат перисталтиката, па заборавете за подуеноста во стомакот и бавната перисталтика.

МАМУРНИ УТРА после бурни ноќи, може да ги пребродите полесно со милкшејк со банана и мед. Бананата ќе го смири стомакот, медот ќе ги регулира портошените депоа на енергија, а млекото ќе ве рехидрира.

НЕРВОЗНИ ЕПИЗОДИ наместо Б комплекс пилули, изедете една банана. Содржи добар дел од дневните потреби за Б6, па делува како одличен лек за смирување нерви.

УЛЦЕРИРАЧКИ ОШТЕТУВАЊА на гастроинтестиналниот тракт понекогаш ја ограничуваат палетата на овошје погодно за консумирање, но бананата е сосема безбедна бидејќи има мека и кремаста текстура која не го дразни гастроинтестиналниот тракт. Исто така бананата покажува и антиациден ефект преку неутрализација на киселините.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија