АСТАКСАНТИН – Најмоќен природен антиоксиданс

Што е Астаксантин? Астаксантинот е производ добиен од внимателно култивирана микро алга Haematococcus, која ја обезбедува дневната потреба од моќен антиоксидант.

 

Haematococcus алгата се одгледува во заштитената околина на Хаваи од Cyanotech Corporation – светскиот лидер во производство на микро алги. Природниот астаксантин се нарекува најмоќен антиоскидант, бидејќи е 550 пати посилен од витаминот Е и 10 пати од бета-каротенот, поради што се нарекува “Супер витамин Е”.

Астаксантинот и здравјето

Телото е комплексна машина и често пати е тешко за обичниот човек да ја согледа причината и врската помеѓу болеста и тоа што го внесуваме во нашето тело. Каротеноидите се познати по своите антиканцерогени својства поради нивните антиоксидантни ефекти. Сепак телото не ги апсорбира сите каротеноиди подеднакво и способноста на Вашето тело да ги искористи антиоксидантните својства е попречена од слабата апсорбција. Истражувањата покажуваат дека не само што телото го апсорбира астаксантинот подобро од било кои други каротеноиди, туку антиоксидантните својства на астаксантинот дејствуваат директно на мозокот, очите и нервниот систем, како и остатокот од телото, бидејќи за разлика од бета-каротенот, астаксантинот е единствената состојка која е способна да ја помине крвно-мозочната бариера што ја зајакнува способноста на Вашето тело да се бори против болестите.

Оксидативен стрес

Луѓето имаат софистициран систем на циркулација за испорачување и регулирање на крвта богата со кислород до секоја клетка на телото. Иако кислородот е потребен за нормална метаболичка активност, тој исто така може да има штетно влијание на клетките. Штетните форми на кислород како што се издвоениот кислород или слободните радикали обично се формираат како резултат на фотооксидација, физиолошки стрес и нормалните функции на имунолошкиот систем. Овие високо нестабилни слободни молекули содржат непарни електрони кои ги одземаат електроните од другите молекули и поради тоа предизвикуваат клеточни повреди како што се липидна оксидација, деградација на протеините и ДНА оштетување. Слободните радикали исто така имаат афинитет да ги напаѓаат незаситените масни киселини – основната компонента на клеточните мембрани.

Нарушената кислородна рамнотежа може да предизвика разни заболувања. Нашето тело нормално има рамнотежа на слободните радикали и арсенал од антиоксиданти да им се спротивстави, како што се superoxide dismutase, catalase и асортиман на пероксидни ензими. Но сепак, одредени услови како што се сиромашна исхрана, хемиски изложувања, стрес, воздушни загадувања, пушење, UV зрачење или болести, можат да ја нарушат оваа рамнотежа. И напорните вежби водат до зголемување на реактивниот кислород кој предизвикува оксидативен стрес – оштетување на клетките од слободните радикали. Според тоа, истражувачите препорачуваат употреба на антиоксиданти кои се борат против оштетувањето на клетките од слободните радикали.

Има научни докази дека астаксантинот е ефикасен во зајакнување на генералната здравствена состојба, подобрување на квалитетот на животот и зајакнување на имунолошкиот систем.

Придобивки од астаксантинот

Бидејќи се верува дека оксидативната нерамнотежа е корен на многу заболувања и болести, неопходно е телото да има способност повторно да го воспостави природниот баланс со цел да се бори со појавата на овие состојби. Такви сојства имаат антиоксидантите како бета-каротенот, но некои антиоксиданти, како астаксантинот, се многу поефикасни.

Доколку имате или сакате да спречите некои заболувања, болести и состојби како:

– Срцеви заболувања

– Проблеми со холестерол – го зголемува HDL добриот холестерол

– Паркинсова болест

– Алцхајмерова болест

– Рак и тумор

– Мозочен удар

– Реуматоиден артритис – значително ја намалува болката во зглобовите и ја подобрува физичката состојба. Истражувањата покажуваат дека ја намалува болката од реуматоиден артритис со што се зголемува способноста за извршување на нормалните активности.

– Проблеми со очниот систем и катаракта – ја штити ретината (мрежата) од оксидативно оштетување и стареење.

– Нарушен имунолошки систем

– Проблеми со црниот дроб

– Чир

– Ниско ниво на енергија и издржливост

– Проблеми со квалитетот на семето кај мажите

– Синдром на карпален тунел, познат како повреда од повторувачки стрес, кој предизвикува болки и трнење во зглобот на раката и често се поврзува со работа на компјутер или каса. Клиничките истражувања со астаксантин покажуваат подобрување на состојбата на пациентите односно намалување на јачината и траењето на болката.

– Болки во колена и зголбови – се намалува времето на оздравување кога се користи овој моќен антиоксидант по интензиви физички напори.

– Изложување на сонце – обезбедува заштита од UV зраци, изгореници од сонце и систематска заштита на кожата од штети предизвикани од сонцето.

Дури и ако најмалку сте загрижени за Вашето здравје тогаш веројатно веќе знаете дека антиоксидантите се основни за лечење на телото и процесот на закрепнување. Но она што можеби не го знаете е дека не сите антиоксиданти се создаваат еднакво. Недостатокот од антиоксиданти влијае на способноста на Вашето тело да се избори со сериозните болести што може да доведе до тоа да се предаде и да  дозволи болеста да ве совлада. Видот на антиоксидант кој ќе го одберете има далекусежни здравствени импликации, затоа бирајте мудро.

Астаксантинот е најефикасен начин да му овозможите на Вашето тело да ги добие придобивките на астаксантинот и неговата неверојатна антиоксидантна способност.

Автор

Trimeks

Скопје

Македонија