Ананас – чудесно овошје за борба против целулит

Ананасот е сочен, вкусен и здрав…

Но, малкумина знаат дека со него можеме да изгледаме поубаво. Ова тропско овошје е ефективна алатка во борбата против целулитот. Тоа содржи бројни ензими кои ја подобруваат циркулацијата и го забрзуваат исфрлањето на вишокот вода и токсините од телото.

Покрај тоа што ананасот е здрав, тој е и чудесно овошје што ја храни кожата и однадвор и однатре, ѝ помага да ја задржи влажноста, ја прочистува и ја регенерира. Докажано го забавува процесот на стареење на кожата, ја подмладува и ги враќа сјајот и еластичноста. Ананасот е богат со витамин Ц, а дополнително, помага при дигестијата, особено согорување на мастите, па затоа е многу ефикасно оружје против целулитот и вишокот килограми.

Ананасот, исто така, изобилува со вода и растителни влакна, кои ја стимулираат работата на бубрезите и на дигестивниот тракст. Поради освежителниот вкус, диетите базирани на ананас не даваат чувство на прегладнетост и истоштеност.

Ова овошје може да ви го подобри расположението.

Има позитивен ефект на имунолошкиот систем и му помага на вашето тело да се одбрани од негативните последици од стресот, што следствено прави да изгледате поубаво и да се чувствувате подобро.

Диетата на база на ананас е ефикасна и ви помага да намалите од 2 до 3 килограми за пет дена. Главната причина поради која ја намалувате телесната тежина е тоа што вашето тело се ослободува од вишокот вода, благодарение на деуретскиот ефект на ананасот. Затоа, веднаш отидете на пазар и купете си еден свеж ананас!