4 Комбинации на растителна храна за подигање на железото во крвта

Железото треба да се консумира како суплемент од страна на луѓето кои страдаат од анемија. Тоа му помага на телото да произведува црвени крвни зрнца и го подобрува имунолошкиот систем. Сепак, оваа хранлива состојка тешко е да се внесе и врзе, особено ако не сакате месо. Иако постојат голем број растителни видови на храна кои го содржат овој минерал, телото не може да го третира исто железото од зеленчук како што го третира железото во месото.

 

За среќа, кога се комбинира железо со витамин Ц, телото може 6 пати подобро да го врзе и да го третира овој минерал.

Еве која растителна храна може добро да се комбинира за да се добие железото што му е потребно на телото.

Спанаќ (железо) + црвен пипер (витамин Ц): Ги консумирате во различни оброци, но во исто време за да добиете повеќе железо во телото.

Брокула (железо) + домати (витамин Ц): Згответе омлет со зеленчуци, брокула и сок од домати.

Црвен грав (железо) + зелка (витамин Ц): Класична комбинација од грав и зелка кога се консумира заеднички обезбедува доволна количина на протеини и железо.

Црно чоколадо (железо) + јагоди (витамин Ц): Стопете го малку темното чоколадо, а потоа полијте ги јагодите кои се богати со витамин Ц и антиоксиданси.