1-0 за вегетаријанците?

Во последните неколку недели вниманието на wellness ентузијастите и сите луѓе во фитнес индустријата е свртено кон извештајот од Агенцијата за Истражување во Областа на Канцерот (дел од Светската Здравствена организација) кој објави информации за можноста од поjава на канцер при конзумирање на црвено месо. Студите се поврзани со канцер на дебелото црево и ректумот.

Во извештајот сите производи се категоризирани во две групи каде преработените месни продукти како што се саламите, сланината, кобасиците спаѓаат во групата на канцерогени продукти. За разлика од нив непреработеното црвено месо е етикетирано како „потенцијално” канцерогено.

Што е она што ги зголемува шансите за појава на канцер?

– NOCs (N-nitroso compounds)

Црвеното месо е богато со хемоглбин (црвен пигмент во крвта). Дел од пигментот може да биде преработен во NOC кој пак може да ги оштети ѕидовите да дигестивниот систем.

Затоа комбинирајте многу зелен зеленчук заедно со месото што би придонело да се намали ризикот за појава на канцер.

– Внимавајте како го подготвувате месото

Ако ме прашувате мене, ништо не може да биде подобро од месо подготвено на скара. Меѓутоа високата температура и „црното” кое можеме да го приметиме на изгорено месо можат да создадат хемикалии (heterocyclic amines –HCAs) кои можат да ја оштетат обвивката на тенкото и дебелото црево.

Затоа потрудете месото да го приготвувате на ниска темпераура, претходно измаринирано и истото комбинирајте го заедно со многу зеленчук. Сето ова ќе помогне во намалување на нивото на штетни хемикалии.

– Железо

Железото во месото многу лесно се наталожува во тенкото црево поради тоа што не е цврсто поврзано со други елементи како што е во многу растенија. Железото многу лесно оксидира предизвикувајќи инфламација и оштетување во тенкото црево.

– TMAO – Trimethylame N-oxide

Црвеното месо содржи голема количинана Л-карнитин. Во процесот на дигестија Л-карнитинот може да се метаболизира од страна на некои бактерии („лоши“) во стомакот во TMAO кој ја зголемува можноста за појава на канцер. Затоа се препорачува одржување на здрава флора во стомакот со внес на оптимална количина на пробиотици кои ќе помогнат во хранење на добрите бактерии.

– Neu5Gc

Ова претставува вид на шеќер кој може да се најде кај одедени цицачи (не кај човекот). Луѓето имаат Neu5Ac кој е многу сличен со Neu5Gc меѓутоа човековото тело не може да го преработи. Ова резултира со појава на инфламација.

Од тука следи прашањето: Дали потполно треба да го отфрлиме месото од нашата исхраната?

Одговорот е: Не. Запомнете: ВИДОТ И ДОЗАТА ГО ПРАВАТ ОТРОВОТ.

Намалете го внесот на преработени месни производи на минимум и водете сметка да не претерате со конзумирање и на црвено месо. Две три порции на ден нема да ви наштети.

Добар апетит!!