Зошто денот да го започнете со лимонада?

Ситниците го прават животот, а малите промени во исхраната го чуваат здравјето. Ова е мала „обврска” наутро, но со голем бонус за вас.

Рецептот е далеку од сложен. Го сечете лимонот на два дела, во чаша со млака вода ја цедите едната половинка, оние со желба за кисело ја цедат и втората. И го започнувате денот со доза здравје…

Првата асоцијација кога ќе се спомне лимон е витамин Ц и сосема е оправдана. Во еден среден лимон имате половина од дневните потреби за овој витамин.

За Ц витаминот се смета дека е добра превентивна мерка против сезонските вируси, но исто така има антиоксидациско својство и ги неутрализира слободните радикали.

Во присуство на овој витамин се зголемува апсорпцијата на железо во организмот, па добро би било храната богата со железо да ја комбинирате со сок од цитрусно овошје.

Ц витаминот од лимонадата придонесува за формирање и регенерација на потпорните ткива и ги заштитува непцата од пародонталната болест.

Лимонската киселина придонесува за прочистување на организмот од токсините и го успорува клеточното стареење. 


Прочитајте повеќе за лимонот: ОВАА ЛУШПА НЕ СМЕЕ ДА ЈА ФРЛИТЕ


Во една чаша лимонада (без шеќер) има помалку од 20 калории, но исто така содржи и Б витамини, калиум, калциум, фосфор и магнезиум.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија