Ве прават ли спортските пијалоци подебели?

Спортските пијалоци се составен дел од модерниот спорт, a нивната намена е едноставна – брзо и ефикасно надоместување на изгубената енергија и електролити. Се користат во скоро сите спортови, насекаде низ светот. Можете да ги сретнете во различни пакувања, од различни произведувачи и со различни вкусови. Составот кај сите нив е речиси идентичен. Шеќери, вода, арома и минерали. Но, она што треба да го знаете е дека при конзумирањето на овие пијалоци треба да бидете внимателни. Еве зошто…

Од нутритивен аспект, типичниот спортски пијалок просечно има 50 калории на 250 милилитри и 14 грама шеќер. Ако се земе во предвид општо познатиот факт за тоа дека газираните пијалоци дебелеат, логично е прашањто: Дали истото важи и за спортските пијалоци?

Вистината е дека не треба да се плашите од спортските пијалоци туку да знаете како и кога да ги користите. Луѓето кои најчесто ги користат овие производи всушност се најфит, првенствено заради интензивната физичка активност на која се изложени, но исто така и заради правилната употреба на овие пијалаци. Еве ги најважните правила врзани за спортските пијалоци кои треба да ги знаете и кои доколку ги почитувате и се придржувате до нив, докажано нема да влијаат врз вашата телесна тежина.

Пијте спортски пијалок доколку тренирате
Шекерите кои се наоѓаат во овие пијалоци имаат потполно различен ефект врз човековото тело во зависност од тоа кога пијалокот се зема. Доколку се напиете една чаша ваков пијалок додека седите пред вашиот компјутер, најголемиот дел од шекерите во вашето тело ќе се претворат во масти и масни наслаги. За разлика пак од тоа, доколку го земете за време на тренинг или натпревар, шекерите ќе завршат директно во вашите мускули каде што ќе бидат претворени во енергија. Единствен друг момент во кој треба да се користат спортски пијалоци е веднаш по тренинг, натпревар или трка. Во тие моменти гликогенските депоа во вашите тела се празни , па оттаму сите шекери од пијалокот ќе бидат искористени за да се надополни изгубениот гликоген.

Користете спортски пијалок на одредени тренинзи
Спортските пијалоци се дизајнирани за да ја подобрат вашата издржливост. Од друга страна, не секој тренинг се работи на максимално ниво. Истражувањата велат дека спортските пијалоци ја зголемуваат издржливоста и влијаат на севкупниот перформанс само во случаи на интензивна активност која трае повеќе од еден час. Ако имате ваква активност тогаш спортскиот пијалок е нешто што слободно можете и треба да го користете. За секоја друга умерена или лесна активност, доволна е и обична вода.

Користете спортски пијалок со протеин
Во најголемиот број на случаи, сите калории кај спортските пијалоци доаѓаат од шекери/јаглехидрати, но постојат и такви кои содржат и мали количини на протеини или амино киселини. Овие спортски пијалаци имаат помалку калории од вообичаените а студиите покажуваат дека нема разлика во конечниот ефект па дури и во подолготрајни тренинзи или трки, овие пијалаци имаат подобар ефект врз издржливоста.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија