Важноста на хидратацијата

Соодветната хидратација е прва гаранција за подобри перформанси.

Научно е докажано дека доколку изгубите само 2% вода од Вашата вкупна телесна тежина, Вашиот капацитет за физичка активност са намалува за 20%, а со губиток од 5%, физичките способности се намалуваат до 30%.

Искуството покажува дека голем број на мажи и жени спортисти немаат адекватна хидратација што понатаму доведува до намалување на перформансите, појава на дигестивни проблеми, гадење и во поекстремни случаи до топлотен удар.

При потењето за време на физичка активност се губи вода и електролити, како што е натриумот, кој што мора потоа да биде надополнет. Затоа може да Ви помогне квалитетен изотоничен пијалок што брзо ќе ги надополни изгубените течности и електролити. Хидрирајте се уште пред да почувствувате жед, во интервали: пред, за време и по физичката активност.

Автор

No Limit

Скопје

Македонија