Наслов

Три вида на пијалоци што не треба да ги пиете после тренинг

Кога сте жедни и ви треба хидрирање по интензивна активност, може лесно да посегнете по погрешните пијалоци.

Треба да бидете внимателни при изборот на пијалоци за хидратација, бидејќи некои од нив можат да ви донесат повеќе штета отколку добрина и да го намалат ефектот на вежбањето.

Пијалоци што не се препорачуваат по тренинг:

- Газирани пијалоци

Во газираните пијалоци е сконцентрирана голема количина на прост шеќер кој брзо се апсорбира. Брзиот извор на енергија брзо ќе опадне, а нема да понуди никакви хранливи придобивки.

Заедно со ова, газираните пијалоци придонесуваат до дехидрација на организмот што не е најдобро нешто после вежбање.

Ако сакате да се напиете нешто со "меурчиња", нутриционистите советуваат тоа да биде газирана минерална вода со исцеден свеж лимон.

- Алкохолни пијалоци

Алкохолот е диуретик што ќе придонесе до поголема дехидрација, додека недостатокот на течности може да предизвика непријатно чувство. Затоа подобро напијте се свежо цеден овошен сок, или некој друг вид на здрави пијалоци.

- КАФЕТО И ПИЈАЛОЦИТЕ СО КОФЕИН

Силните кофеински пијалоци не го хидратират телото, ниту пак обезбедуваат безбеден извор на енергија. Наместо тоа, додадете органско какао во шејкот што ќе ве релаксира после тешкиот физички тренинг.

03 Април 2018

За авторот