Нула калории од сокче – репете за ручек?!
Интересно истражување за ефектот на диеталните газирани пијалоци и влијанието во исхраната и врз организамот.
Диетални газирани пијалоци, нула калории, артефициелни шеќери се веќе секојдневна алтернатива за многу од обожавателите на засладените меурчиња. Сепак и покрај смалувањето на калориите, обезитетот постојано е во пораст. Каде е проблемот?
Тим од научници, предводени од Д-р. Сара Хил, ги испитувале ефектите токму на нискокалоричните газирани пијалоци и она што го заклучиле е дека всушност овие пијалоци ја изменуваат последователната реакција на храна.
Телото верува дека добива енергија (како што имплицира слаткиот вкус во пијалокот), а всушност добива нула калории, па побарувачката за енергија во следниот оброк е далеку поголема. Биле направени неколку експериментални студии и во секоја од нив, учесниците кои добиле пијалок со артефициелен засладувач, потоа покажале поглем интерес за висококалоричен оброк.
Сепак оваа студија не е доволна за да се затвори случајот, но е добар старт за да се размислува за еден подолготраен контраефект од нискокалоричните пијалоци.