Пијте повеќе течности, сонцето пече

Оние 2 литри на ден сфатете си ги сериозно…

Во принцип за секој организам е потребна различна количина. Грубо пресметано секој треба да испие околу 1.2 литри вода во текот на еден нормален ден. Но за време на летните месеци или ако вежбате неопходни ви се минминум 2 литри вода на ден.

Во крајниот резултат влегуваат и сите други пијалоци кои ги консумирате во текот на денот смути, кафе, чај, сок и уште веднаш да расчистиме дека кафето не го дехидрира организмот, наспроти популарното верување. 

Што се случува во дехидрираното тело? 2/3 од телото е вода, па кога губите повеќе течности одошто надокнадувате доаѓа до дехидратација. Телото ја губи способноста да ја одржува телесната температура соодветна, може да се чувствувате летаргични, да се јавуваат мускулни грчеви и главоболки во зависност од тоа колку е длабока дехидратацијата.

Најлесен начин да се натерате да пиете повеќе вода е да си одберете едно шишенце или повеќе наполнети со вода и да ги оставите на места каде поминувате повеќе време, покрај креветот, на бирото, на работното место или во чантата. Можеби водата во шишето нема да биде свежа (секако може да ја замените), ама барем ќе ви биде мал потсетник да пивнете.

Исто така водата не мора да биде тривијален начин на хидратација, може да си поиграте со вкусовите со некој од следните предлози:

1.Сварете и замрзнете чај од нане во калапче за мраз, само додадете во чашата со вода за инстантно подобрување на вкусот.

2.Исечете краставица на подолги парчиња и оставете ја во сад со вода преку ноќ во фрижидерот. Извадете ја краставицата и уживајте во водата со вкус

3.Сварете парче ѓумбир и испасирајте го со вилушка. Додадете вода и направете коцки мраз со ѓумбиров вкус.

4.Во зовриена вода сварете свеж босилек, ставете в фрижидер и кога ќе се олади извадете ги листовите. Овој чај освен што е вкусен и хидрира има и други полезности за организмот.