Напиј се вечност

Што повеќе да побарате од чаша полна со витамини, благо-кисела вкусова сензација, малку јаглеродни меурчиња и уште многу други состојќи за кои вашето тело ќе ви биде благодарно. Комбухата е добитната комбинација. 

Традицијата на пиење комбуха е стара речиси 3000 години и потекнува од Кина или Јапонија каде се верувало дека е извор на долговечност, а дури во XX-тиот век преку Русија, во комбухата почнале да уживаат и Европејците.

Што е комбуха?

Комбуха е буквално чај, шеќер и микроорганизми. Ништо посебно нели? Но кога овие микроорганизми ќе го преработат т.е. ферментираат шеќерот, вие добивате чај збогатен со мноштво витамини, минерали, органски киселини и други елементи, неверојатно полезни за вашиот организам. Значи клучниот момент кај комбухата е тоа што тоа е ферментиран производ богат со пробиотици.

Што содржи комбухата?

Целата палета на витаминот Б, витамин Ц, глукоронска киселина, млечна киселина, етанол, глукозамини.

Кои се бенефитите од пиењето комбуха?

Детоксицирачка моќ, намалување на телесна тежина, подобрување на дигестијата на храната, позитивно делува кај артритис, дава енергија, го зајакнува имунитетот, ја регулира ацидобазната рамнотежа.

Како се подготвува комбухата?

Се зоврива 1 литар вода заедно со 70 гр шеќер, се трга од оган и во нејзе се става една кесичка зелен или црн чај. Се остава кесичката да отстои 10-15 минути, а потоа се вади. Сварениот чај се чека да се олади до температура од 30-40 степени, се претура во тегла. Во теглата се додава околу 200 мл од претходно ферментираната течност, а потоа внимателно се додава претходно измиената габа под млаз ладна вода. Вака приготвената тегла се остава во полумрачна околина, на собна температура околу 7-10 дена, по што се повторува постапката.

Забелешка: Најчесто употребуваната дневна доза изнесува 100 мл три пати на ден, во времетраење од два месеци, по што се препорачува пауза од 2 недели.