Најслатката утринска зависност

Науката се сложува дека денот треба да започне со шолја кафе…

Кафето е првата работа што наутро им доаѓа на ум на милијарди луѓе, што го прави најшироко консумиран психоактивен стимуланс во светот. И токму заради тоа постојат мал милион студии кои ја потврдуваат полезноста од умереното користење на кофеинските пијалоци.

КАФЕТО Е АЛАРАМ ПРИЈАТЕН ЗА УВО

Дури и само неговата арома може да ве ослободи од стресот што е поврзан со недостаток на сон, а со тоа и да го намали штетниот ефект од тој стрес. Испитувањата, направени на експериментални глувци, покажале дека само мирисот на кафе може да активира одредени гени поврзани со намалување на штетните ефекти од непреспаните ноќи.

ИЗВОР НА АНТИОКСИДАНСИ

За луѓе кои не консумираат доволно овошје и зеленчук, кафето може да биде #1 извор на антиоксиданси. За оние кои консумираат доволно свежа храна, кафето е извор од втор ред, но сепак го подобрува вкупниот антиоксидацискиот профил.

ГЕРМАНЕЦОТ И КАФЕТО НЕ ОДАТ ЗАЕДНО

Пиењето кафе, кај постарите, помага во подобрувањето на меморијата и се смета дека може да превенира развој на симптомите на Алцхајмеровата болест.

КАФЕТО И СПОРТОТ СЕ ОДЛИЧЕН ТАНДЕМ

Под дејство на кофеинот доаѓа до ослободување на повеќе масни киселини во крвотокот и истите се користат како енергија. Исто така зголемувањето на алертноста овозможува подобри атлетски резултати.


Прочитајте повеќе: МЕСТОТО НА КОФЕИНОТ ВО СПОРТСКИОТ ЖИВОТ


КАФЕТО ШТИТИ ОД БОЛЕСТИ

Неколку истражувања покажале дека кофеинот може да има превенирачки ефект во однос на неколку малигни заболувања, но исто така и штити од развој на дијабетес тип 2 според оваа кинеска студија.

За некој кој тежи 70 килограми, 140-350 mg кофеин би биле доволни да се запази полезниот ефект. Ова соодветствува на 1-3 шолји кафе, но тука најголема улога игра толеранцијата на организмот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија