Колку шеќери ни пијат децата?

Однапред ќе кажеме дека истражувањето се однесува за британските дечиња, но она што ние го сметаме е дека генерално гледано, трендот на лошата исхрана и пиењето газирани и зашеќерени глупости наголемо расте, па несомнено ја зафаќа и нашава младина. Затоа важно е да се преземат мерки за намалување и искоренување на овие навики уште од најраната возраст… 

Новите бројки кои ги објави Центарот за истражување на рак во Велика Британија велат дека тинејџерите на возраст од 11 до 18 години пијат преку 234 лименки газиран сок низ една година, а оние на возраст од 4 до 10 просечно пијат по 110 лименки, бројки кои се исклучително поразителни кога се гледа од здравствениот аспект на младите.

Земајќи го предвид фактот што една лименка Кола од 330мл содржи 35 грама прости шеќери, овие бројќи и те како ги надминуваат дневните препорачани дози на шеќери на децата и тинејџерите, па и на возрасните. Сепак, лошите статистики добиени од анкетата не завршуваат тука. Резултатите покажаа дека просекот на возрасни и деца консумираат дури два пати од оваа доза на шеќери на дневно ниво. 


КАКО ДА ГИ ОТКАЧИТЕ ГАЗИРАНИТЕ ПИЈАЛОЦИ?!


„Страшно е што нашите тинејџери просечно пијат по една када шеќери на годишно ниво. Под итно мораме да ја сопреме оваа работа, а сметам дека данокот на зашеќерените пијалоци кои треба да се воведе од владата ќе игра важна улога во промената на однесувањето.” – вели Алисон Кокс, директорот на центарот. 

Во март оваа година владата на Британија објави дека подготвува даночни мерки за газираните пијалоци со додаден шеќер каде се планира да се стават од 18 до 24 пени на литар газиран пијалок плус во цената на чинење. Центарот за истражување на рак вели дека зголемувањето на цената од околу 20 пени на литар би влијаело со превенирање на околу 3,7 милиони случаи на дебелина во следната декада. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија