Часовникот околу кофеинската зависност

Ако сте од оние кои размислуваат на своето здравје и сакаат кафето во денот да им носи полезност, а не зависност, престанете да го пиете токму тогаш кога најверојатно најчесто го пиете. Од 8 до 9 часот наутро! 

Според поновите ставови на полето на хронофармакологијата, наука која се бави со интеракциите на одреден медикамент или алкалоид и биолошкиот ритам на организмот, се покажа дека периодот кога скоро секој од нас го пие утринското кафе, од 8 до 9 наутро, е најлошо. 

Еден од најважните внатрешни регулатори во организмот е нашиот деноноќнен биоритам кој што контролира редица работи, почнувајќи од самата физиологија, однесувањето, циклусот на спиење и будење, хранењето итн. Воедно, 24 часовниот биоритам, кој е строго регулиран од хипоталамусот во мозокот го контролира лачењето на бројни хормони меѓукои и хормонот кортизол кој меѓудруото е главен во диктирањето на будноста и алертноста на човекот.

Кофеинот пак, кој има слично такво стимулативно дејство прави интеракција со хормонот кортизолот кој (според повеќе одредени студии) достигнува највисоки вредности во крвта во едно деноноќие токму насабајле, од 8 до 9 часот. 

Научникот на полето на неврологијата Стивен Милер кој ја разработува оваа тема вели дека е целосно погрешно стимуланс како што претставува кофеинот да се пие во исто време кога кортизолот има пикови во крвта на човекот, односно телото само се буди. 

Тој вели дека со ова би можело да се развие толеранција кон кофеинот, што би значело дека на човекот ќе му бидат потребни повеќе шољи кафе во текот на денот за да ги задоволи своите потреби.

Наместо тоа, Милер препорачува првото утринско кафе да се пие во периодот од 09:30 до 11:30 наутро бидејќи тогаш нивоата на кортизол опаѓаат. 

Сепак, најдоброто време за пиење кафе останува да варира од човек на човек бидејќи секој има различен биоритам и време на будење. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија