Клај уш по едно каве

Една статија за сите позитивни зависници од каве, ама не и за оние што пијат тутун покрај кавето!

И претходно имаме пишувано за позитивниот ефект на најслатката утринска зависност која може да дојде во најразлични форми од шербет Туркиш до горчливо љут Еспрес, ама новава студија објавена во медицинското списанието Circulation дефинитивно може да ве натера да клајте уш по едно. 

Во неа се вели дека пиењето на 3 до 5 кафиња на дневно ниво (таму пишува од по 200 мл. или отприлика една поголема шолја турско) имаат позитивно влијание врз целокупниот ризик од морталитет т.е. смрт.

Во самата студија која траела повеќе од 30 години учествувале повеќе мажи и жени кои биле испитувани на 4-годишен период, а во истата биле земени во предвид и другите важни фактори кои влијаат врз здравјето како пушењето цигари, физичката активности и пиењето алкохол. Заклучок вели дека оние кои пиеле повеќе кафе на дневно ниво имале помали шанси да починат од кардиоваскуларни болести и состојби, од невролошки болести како и од дијабетес тип 2. 

Истотака, пронајдено било дека „магичната” состојка за овие ефекти на кафето не е кофеинот бидејќи истите резултати биле добиени и од луѓе кои редовно пиеле безкофеинско кафе. 

Повеќе за кафето прочитајте ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија