Наслов

Како кофеинот делува врз мозокот?

Кофеинот е најраспространетата супстанца во светот. Но, знаете ли како таа влијае на мозокот?

Веќе ни е познато дека кофеинот многу ни помага во утринските часови кога не можеме брзо да се разбудиме и дека може да предизвика дијареа, но како тој конкретно влијае врз мозокот?

Првично кофеинот го стимулира централниот нервен систем, со тоа што ја спречува молекулата што предизвикува спиење - аденозин.

Кога во телото се распаѓа молекулата за енергија наречена АТФ (АденозинТриФосфат), ослободува аденозин, што нè прави поспани. Ако повеќе АТФ да се пробие во текот на денот, толку повеќе ќе бидеме поспани. Но кофеинот влијае при блокирање на ослободувањето на аденозин, со што се спречува сонот.

Кофеинот исто така помага при протокот на допаминот и може делува како заштита од Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и некои форми на рак. Покрај тоа, постојат докази дека кофеинот исто така помага при согорување на мастите и може да ги зголеми атлетските перформанси.

Каде има кофеин во поголеми количини?

Најпознат пијалок е кафето, но кофеинот е присутен и во други пијалоци. Да се потсетиме, тоа се: газираните пијалоци (кока-кола), чоколадите и енергетските пијалоци.

30 Јули 2017

За авторот