Наслов

Како изгледате без основното гориво?

Се чувствувате лошо, нерасположено и надразнето по тешка солена вечера или надмината доза алкохол, а најчесто и изгледате како што се чувствувате. Сето тоа се должи на дехидрираноста на организмот. Ако на било кој начин се пронаоѓате во „не пијам доволно вода” овој инфографик може да ви ги подотвори очите.

Водата е круцијален елемент за прочистување на телото од токсини и за одржување на убава, еластична и хидрирана кожа без акни и црвенило. Како кожата на лицето, така и кожата на скалпот реагира на недостаток на течности, па честопати првутот можно е да се должи токму на тоа.

Кожата полесно се справува со изгореници доколку е добро хидрирана, а секако примарно хидратацијата потекнува од внатре, а потоа на второ место доаѓаат хидратантните креми. Недоволната хидратација често води и до кршливи нокти и безживотна коса.

Темни подочници, недостаток на солзи, сува и иритирана слузница на носот и грлото може да бидат резултат на дехирираност на телото. Од друга страна водата придонесува кон полесно губење на телесна тежина бидејќи го поткренува метаболизмот.

Дневно се препорачуваат минимум 8 чаши вода, но дневните потреби за секого се индивидуални, особено се повисоки кај луѓе што спортуваат, а дури и оние кои не спортуваат треба да се трудат и да ја надминат оваа количина.

05 Февруари 2015

За авторот