Како да ги откачите газираните пијалоци?!

Слаткиот вкус, газираниот ефект и кофеинскиот буст се неколку причини кои ги прават овие пијалоци пожелни без разлика колку нездрави калории додаваат во вашиот дневен биланс. Следуваат неколку начини како да ја „излечите” зависноста од меурчиња…

Без разлика дали пиете регуларни или диетални газирани пијалоци, освен тоа што го задоволувате сетилото за вкус, не добивате никаков друг бенефит. Калориите кои потекнуваат од шеќерот во регуларниот газиран сок, дококу консумиран секојдневно се дополнителен фактор за вишок килограми.

Во вториот случај вештачките засладувачи се прилично контроверзна состојка, со мешани резултати за нивниот ефект во организмот, но неколку истражувања покажуваат дека иако без калории, сепак ваквите пијалоци може да придонесат за покачување на телесната тежина, преку пореметување на ацидобазната рамнотежа во организмот. 

1. Не почнувајте драстично. Доколку пиете по неколку чаши газирани пијалоци во текот на денот, обидете се да го намалите тој број на една до две. 

2. Разредете со вода. На овој начин добивате дополнителна хидратација, но помалку шеќери и калории, а сепак на некој начин за задоволувате потебата за газирано.

3. Следете ги калориите што ги консумирате со секоја лименка, после направената математика нема да ви биде сеедно. Една лименка газиран сок содржи околку 140 калории. Постојат многу подобри и поздрави опции кои можете да ги консумирате.

4. Најдете си соодветна замена. На пример незасладен ладен чај може да биде одлична опција или ако морате газирано прејдете на кисела вода.

5. Бидете упорни барем две недели. Веројатно за тоа време ќе сфатите дека животот без газирани сокови е возможен и воопшто нема да ви бидат потребни после тој период.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија