Кафето го штити црниот дроб

Пиењето пет или повеќе шолји кафе може да го намали ризикот од рак во црниот дроб, но дури и само една чаша го намалува ризикот за рак за една петтина според една студија предводена од Оливер Кенеди на Универзитетот во Саутемптон во Велика Британија.

Експертите анализирале информации за консумирање на кафето направени на 2 милиони луѓе (вклучувајќи вкупно 26 студии) за да се дојде до заклучок дека кафето го намалува ризикот од рак на црниот дроб за 20 проценти.

Освен антиоксидансите и анти-инфламаторите кои ги има овој пијалок, се смета дека кофеинот има одбранбена улога во кафето, но и кафето без кофеин е исто така добро за црниот дроб.