Кафето навистина делува лековито врз човековото тело?

Новите диети препорачуваат пиење на поголемо количество чај и кафе. Кафето секако делува врз нашето здравје, но како?

Додека кафето без филтер може да го подигне нивото на холестерол, кафето со филтер или кафето без кофеин го немаат тој ефект; само две шолји на ден може да ја зголемат способноста за проширување на артериите.

Исто така, се смета дека кафето може да го намали ризикот за дијабетес, Алцхајмерова болест, депресија, Паркинсонова болест, хронична болест на црниот дроб и рак.

Печењето на кафето на високи температури не произведува канцерогени супстанции, ниту пак се создава бензен (како што се случува со некои други безалкохолни пијалоци). Но иако кафето се покажа дека има добар ефект на телото, чајот е уште поздрав за нашето тело.

Но, што можеме да добиеме од кофеинот? Тој има добро влијание врз нашето здравје, но треба да се знае дека бремените жени треба да го ограничаат пиењето на кафе. Се вели дека кафето го забавува процесот на стареење, во споредба со производите од животинско потекло.

Сепак…
„Водата е наjесенциален елемент на животот, бидејќи без вода не можеш да направиш ни кафе” поговорка.