Домашен природен изотоник

Најлесен начин за надокнадување на изгубените минерали и течности се изотоничните раствори…

 
  • 500 мл вода
  • 4-5 лажици багремов или ливадски мед
  • 1/2 сок од лимон
  • 1/4 лажиче сол

  • Состојките се мешаат и растворот е спремен изотоничен пијалок.
 

При пократка физичка активност доволно е да се хидрирате само со вода, но кога се спортува повеќе од 60 минути, кога условите се потешки, температурите повисоки, се препорачува да ги надокнадите и изгубените електролити.

Изотоничните напитоци се најдобра опција за правилна и оптимална хидратација на организмот. Овие раствори имаат иста концентрација на сол како и крвта (иста осмоларност), па така најлесно се апсорбира водата од нив и најбрзо ја надокнадуваат изгубената течност.

Простите шеќери како составен дел на изотоникот, во нашиот рецепт декстрозата од медот, најлесно се раствараат во телесните течности и ја надополнуваат изгубената енергија.

Цитрусното овошјe пак е одлична витаминска поддршка во овие изотоници, го подобрува вкусот и му дава свежина на напитокот.

Изотониците се користат пред, за да го спремите телото за напорот што сладува, за време на физичката активност за да ги одржите потребните нивоа на енергија, вода и електролити и по завршувањето на активноста за надокнадување на изгубените минерали и течости. Најефикасно ќе го искористите изотоникот ако тактички консумирате по неколку голтки на секои 15 минути.