Исцеди цитрон за повитка линија

Иако непишано правило е дека како паѓаат температурите се качуваат килограмите, сепак постои слатко горчлив начин да се превенира несаканиот зимски вишок…

На Калифорнискиот Универзитет се направени испитувања кои покажале дека сокот од цитрони, помага во одржувањето на телесната тежина. Имено механизмот на дејство е спречување на синтезата на масно ткиво од вишокот маснотии кои се внеуваат преку исхраната.

И покрај богатата диета со масти, експерименталните животни сепак одржувале ниски нивоа на триглицериди во крвта. Цитроните изобилуваат еден флавоноид наречен нарингенин, кој го стимулира црниот дроб наместо да ги складира, да ги троши и исфрла мастите. Затоа во секоја втора диета, цитроните се главната намирница, а токму овој флавоноид стои зад нивниот ефект.

Исто така, за цитронот се смета дека има стимулативен ефект врз метаболизмот и дека го забрзува, а со тоа помага и во исфрлањето на токсичните материи од организмот, а од друга страна диеталните влакна во неговиот состав помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта.

Сумирано, цитроните претставуваат одлична намирница за контрола на телесната тежина, но и за намалување на вишоците што останале од зимата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија