Холанѓаните препорачуваат

Наслов

Најарно - од три до пет шолји чај на ден

Откако во Здравствениот Совет на Холандија - независно тело кое го советува парламентот - увиделе дека резултатите од последните 10 години студии на полето на чајот и здравјето се кристално јасни, новите препораки се уште појасни. Колку повеќе чај во денот, толку подобро. 

локална верзија

Во Британија чајот е најпопуларниот и вториот најконсумиран пијалок после водата, а набргу и комшиските здравствени препораки дадени од националниот Здравствен Совет на Холандија ги следат неизбежните конекции помеѓу редовното пиење на чај и превенцијата на голем број болести и состојби.

Препораките на ова научно тело кое воедно е и прв советувач на парламентот на државата ги објави новите препораки кои велат дека луѓето треба да пијат од три до пет шољи чај на ден. 

„Забележавме дека во научната литература од последниве 10 години постои јасна поврзаност меѓу пиењето на чај и доброто здравје.” - вели Ерт Шотен, портпарол на советот. 

Во препораките стои и дека оваа бројка на шољи чај може ефективно да делува во провенција на висок крвен притисок, дијабетес и ги намалува ризиците од удар. Дополнително, напоменато е дека за најсоодветен ефект чајот треба да биде или црн или зелен, затоа што другите хербални чаеви не се толку богати во однос на нивниот состав. 

Тој започнува да се воведува и како редовен избор на пијалок во голем број на образовни институции со цел рано запознавање и учење на децата со овие одлични хербални извори на здравје. 

11 Ноември 2015

За авторот