Двете пасии во едно пакување

Ако дилемата „пиво или шејк” после петочната сесија ви прави проблем…

Стандардното пиво баш и не се вклопува во сликата за фит тело што ја имате зацртано и уживањето во течниот јачмен по малку го отежнува патот до целта. Сепак еден ентузијаст, обожавател на пиво и тегови во исто време, Блејк Конрарди, собира средства на kickstarter.com, за наскоро на пазарот да го лансира Brewtain како дел од новата линија на фитнес пива [креваме кригла].

Станува збор за добро познатиот вкус, збогатен со протеини, 5% алкохол и помалку јаглехидрати. Во кратки црти едното Brewtain би било прав ејл со додаток на протеини за мускулна синтеза, а другото NutriBeer би било светол лагер, полесно на калории, за оние кои слабеат.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија