Да блендирам или не, прашањето е сега

Како всушност вашето смути од здрав оброк во чаша богат со нутрициенси станува шеќерна бомба… Oдговорот на ова прашање го дава еден од најпознатите експерти за шеќер, Проф. Д-р Роберт Лустиг.

 Проблемот со смути е следен. Постојат два типа на диетални влакна, солубилни и несолубилни. Солубилни се пектините, оние кои му ја даваат гел конзистенцијата на џемот, додека несолубилните се оние долги кончести влакна како на пример оние во целерот.

Овошјето ги содржи и двата типа на диетални влакна. Кога го консумирате целото јаболко или портокал или било кое друго овошје, солубилните и несолубилните влакна формираат гел во црева, а тој гел формира бариера и ја спречува раната апсорпција, дополнително го убрзува проаѓањето на храната низ дигестивниот тракт.

Наместо шеќерите од овошјето веднаш да се апсорбираат во цревата тие доаѓаат до цревната флора, па така бактериите ќе ги искористат шеќерите наместо вие. Тоа е добро за црниот дроб и за вашата фигура.

Значи кога консумирате овошје, во суштина ја храните вашата дигестивна микрофлора, но кога ќе направите смути, ги уништувате несолубилните влакна, изостанува формирањето на онаа гел бариера.

Сепак ќе ги искористите бенефитите од солубилните влакна, блендираното овошје ќе пројде низ дигестивниот тракт побрзо и сигналите за ситост ќе се вклучат, но од четирите добри работи кои ги добивате од диеталните влакна веќе имате изгубено три.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија