Наслов

Алкалната вода може да помогне при лекување на некои болести

Што е алкална вода?! Тоа е вода со одредена pH вредност (или потенцијален водород) на потенцијалната скала од нула до 14, каде 7 е неутрална средина.

Водата од чешма што секојдневно ја консумираме во нашите домови обично е мешавина од антибиотици, хормони и тешки метали што влегуваат директно во нашиот организам и предизвикуваат слабеење на имунолошкиот систем. А голем број на болести доаѓаат како резултат на слабиот имунитет.

Доколку нездраво се храниме и пиеме непрочистена вода нашето тело станува премногу кисело, па следствено се чувствуваме многу уморни, имаме проблеми со телесната тежина и чувствуваме други несакани ефекти кои целосно може да се избегнат само со чиста вода за пиење и јадење свеж зеленчук и овошје.

Важноста на Алкалната состојба

Со векови е познато дека храната може да влијае на PH-нивото на организмот. Д-р Ото Варбург од Германија, добитник на Нобеловата награда во 1931 година, открил дека околу 95% од сите случаи на рак имаат кисела средина во телото.

Тој исто така докажа дека ракот не може да се развива во алкална средина, каде што нивото на pH е 7.36 или повеќе.

Пред речиси еден век тој рече дека ацидозата (вишок на киселост) не се поврзува само со развојот на ракот, туку исто така може да предизвика и други болести, како што се остеопороза, дијабетес, срцеви заболувања и други хронични болести од кои страдаме во сегашноста.

За алкализација на организмот ви нудиме еден лесен рецепт/напиток „Вода со лимон за детокс” што можете секојдневно наутро да го консумирате...

 
  • 1 лимон
  • 1/2 краставица
  • 1/4 ѓумбир
  • 1/2 чаша нане/мента
 

Инструкции:

1Исечете го ѓумбирот на мали парченца.

2 Здробете ги останатите состојки и ставете ги во прочистена вода.

**Истите состојки можете да ги искористите повторно. Тие може да се користат до 3 дена само со додавање на вода.

09 Јануари 2017

За авторот