Леден чај од купус

Најдобра афтер парти пијачка

Ни најмала дилема не ми направи идејата да пишувам за расолницата или јувата како најпрочуениот природен лек против мамурлукот. Сепак е добро да ги познаваме благодетите на расолницата, и тоа не само после вечери на дружба со алкохол.

Мамурлакот не е шеговито опишана состојба после пиење на алкохол, тоа е сериозна дијагноза со редица на непријатности. Исконски лек е старата добра јува, фермент од киселата зелка.

Зелката е намирница која со процесот на ферментација или киселење ги зголемува нутритивните карактеристики. Расолницата е феноменален нуспроизвод на киселата зелка со идентичен нутритивен профил.

Со процесот на ферментација се ослободуваат големи количини на млечна киселина која го јакне имунолошкиот систем,  го регулира системот за варење, ја обновува цревната флора и преставува одличен лаксатив и добар диуретик. Многуте ензими се одговорни за уредна детоксикација особено потребна кај мамурлукот. Оваа нискокалорична пијачка е богата со Ц-витамин, 50-60мг на 100мл.

Со ферментацијата се формира витамин Б-12(кобаламин) кои исклучително се наоѓа само во намирниците од животинско поекло. Треба да се наброи и присатноста на витаминот Е, К и реткиот витамин У како позната антиулкусна превентива. Одличната концентрација на калиумот е одговорна за одржувањето на балансот на течностите. Секако мора да се споменат сулфурните фитохемикалии кои се одговорни за провокацијата на ќелиите за излачување на канцерогените материи.

Ефикасната терапевтска моќ расолницата ја има доколку ја употребувате во умeрена количина поради присатната сол како конзервансно сретство. Разблажувањето со вода е едноставен метод за непречено пиење.

 

Како ефикасен лек во мамурлак се консумира од 200-400мл расолница на гладно како одлична пијачка која ја надополнува хидратацијата како основен принцип. Секако лесните прошетки на чист воздух само ќе ги надополнат полезните дејствија на овој ефикасен пијалок.

 

 

Леб и сол во позадина задолжително :

 

Првата фотографија од оваа статија е превземена од ова видео