Зошто секој шофер треба да го знае „холандското посегнување”

На англиски си постои еден убав термин кој го означува оној пат кога шоферот од паркираното возило практично ќе го сокрши велосипедистот со тоа што ќе му ја отвори вратата пред тркало. Терминот doored – во наш слободен превод да те „извратарат” е реален и сериозен проблем во градскиот велосипедизам низ светот, а во Холандија како една од нај културните и развиени земји за ова, постои и „холандско посегнување” како превентивна мерка за вратарењево велосипедисти. 

Холандското посегнување претставува прилично едноставен маневар кој е широко прифатен во оваа земја од страна на најголемиот број на шофери на моторизирани транспортни средства како превентивна мерка за удирањето на велосипедистите со вашата врата (некои извори велат и дека истиот редовно се учи и практикува во сообраќајните школи).

Тоа е метод на отварање на вратата од вашето паркирано возило со раката која ви е најоддалечена од самата врата со што се овозможува добро анализирање на евентуалниот сообраќај кој минува зад вас. За нас тоа би значело дека возачите би требало да ја отвараат вратата со десна рака, а сувозачите со лева.

Ок, сигурно ќе речете дека секое возило си има ретровизор и што мораме да се посегнуваме и завртуваме, но ете, холанѓаните си го имаат широко прифатено овој метод како посигурен, поготово во нивната средина каде се велосипедот се врти на долго и широко, дождливо, снежно и секакво време.

И можеби ви звучи беспотребно да се замараме со вакви „банални” работи, но удирањето на велосипедисти со врата од моторно возило претставува доста честа појава во светски рамки. Според некои бројки од Велика Британија во 2015 годиниа имало 474 сообраќајни незгоди од овој тип, а според http://bicyclesafe.com/ од 2013 година па наваму во светски рамки загинале 25 велосипедсити ширум светот.

Пред некое време ја опфативме и интересната кампања „Мисли на велосипедисти” каде Британските Власти се обидуваат да ја зголемат свеста кај шоферите за велосипедистите со цел намалување на бројните незгоди од овој тип, а „Холандското посегнување” исто така се зема како добар пример и медот за превенција од вакви незгоди.

Подоле следи видео од еден извратарен велосипедист кој за среќа помина добро.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија