Метак се не повреџује никад

Зимски (српски) филм

Филмчето во своето сиже претставува група на српски скијачки фанатици кои ја вбризгуваат нивната зимско-снежна доза низ Копаоник, Стара Планина, Швајцарија, Франција и Белград.

Типично балкански и супер претставени се љубовта кон скијањето, бордањето, шумата, ракијата, пивото, кркањето, зезањето и ненаместените хотелски кревети, а тука се и митското суштество кое јаде бордови и пластика Гајгур, кучето кое обожава скијање, Виспер и најдобриот српски екстремен скијач Дуле Брада кој рушел дрва со неговата глава уз скијање.