Наслов

Зимски олимписки игри Пјонгчанг 2018

Отворени се 23-те Зимски олимписки игри ПјонгЧанг 2018. На церемонијата на отварање на игрите, македонското знаме го носеше нашиот олимпиец, Ставре Јада. На Олимпискиот стадион во ПјонгЧанг пред 30.000 гледачи, Олимпискиот шампион од Ванкувер 2010 и сребрената од Олимписките игри во Сочи 2014, Јуна Ким го запали Олимпискиот оган.

На овие зимски Олимписки игри ќе настапат 2.900 спортисти од 91 држава на кои се додава и екипата на Олимписките спортисти од Русија, а за прв пат на зимските Олимписки игри ќе настапат спортистите од Еквадор, Еритреја, Косово, Малезија, Сингапур и Малезија. На овие игри ќе бидат поделени 102 комплети на медали, што е за 14 повеќе од Сочи.

Претставникот на Тонго Пит Тауфатофуа, кој и го носеше знамето на Того на отворањето на игрите ќе настапи во дисциплината крос-кантри, а куриозитет е дека истиот спортист настапи на Олимписките игри во Рио 2016 година во Таеквондо.

Инаку Кореја е петтата држава во светот, која влегува во друштвото на држави кои биле организатори на Зимски и Летни Олимписки игри како и на светските првенства во атлетика и фудбал (Франција, Германија, Италија и Јапонија).

10 Февруари 2018

За авторот