Жени против „перфектното“ женско тело

Новата реклама на Викторија Сикрет покрај витките фиданки на ангелите беше надополнета и со слоганот „Перфектното тело“. На три Британки им пукна филмот поради тоа што сметаат дека унифицираната тенка става на моделите не е единствената што е „перфектна“.

Хајди, Адријана, Жизел и останатите ангели оваа есен се најдоа на реклама за (стандардно) долна облека, а истата беше збогатена со слоганот „Перфектното тело“. Сметајќи дека слоганот поставува нереални стандарди за убавина и делува лошо за поголемиот дел на женската популација која не е во можност да изгледа секогаш толку тенко, три жени од Британија решија да се побунат за оваа работа, и да покренат петиција за тргање на слоганот.

Во петицијата се објаснува дека жените се „бомбардирани со реклами кои ги прават да се чувствуваат несигурно во врска со нивното тело и става.“ Според Францис Блек, Габриела Кунтоуридес и Лаура Ферис промовирањето на една единствена и унифицирана фигура и поврзувањето на истата со терминот „перфектно“ несомнено прави останатите жени да се чувствуваат неадекватно и недоволно привлечно. Башка, тие сметаат дека тенките женски стави на ангелите се целосно поврзани со лоши навики на исхрана кои имаат негативен ефект на целиот организам. 


Повеќе за линијата помеѓу „фино пополнето и здраво“ и „пополнето и нездраво“ можете да прочитате ТУКА


Според нив, жените треба да се чувствуваат удобно, секси и привлечно во нивните тела без разлика дали имале малку повеќе овде или онде, па затоа кампањата која ја спотераа пред некое време оди со слоганот #iamperfect (во превод „јас сум перфектна“). 

Кампањата на Викторија Сикрет наиде на низа негативни реакции од страна на женската популација, а Дав (Dove) дури и си направи нивен маркетинг на немарно избраниот слоган правејќи нивна варијанта на „Вистинските перфектни тела“

Петицијата со 33,002 поддржувачи успеа да влијае врз компанијата, па така пред неколку недели слоганот од страна на Викторија Сикрет беше отстранет

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија