Жени, играјте фудбал и бидете фит!

Жените сè повеќе ги интересира активната партиципација во “машкиот” спорт и придобивките кои тој ги носи во секојдневниот живот. Тоа го потврдуваат и студиите што се направени на оваа тема, конкретно во овој случај од страна на научниците од Универзитетот во Копенхаген. Прочитајте за што станува збор…

Во последната декада, во Европа може да се забележи значително зголемување на жените кои сакаат да играат или веќе играат фудбал. Се чини дека сè повеќе жени го сметаат фудбалот за нивни потенцијален спорт, а со тоа се зголемува и неговата популарност во женскиот свет. Ова е многу позитивен чекор напред бидејќи фудбалот не само што го подобрува физикусот и здравствениот профил, туку и уживањето и социјализацијата во групните спортови.

Данска студија покажува дека жените имаат повеќе бенефити од играњето рекреативен фудбал отколку од трчањето. Исто така, жените кои играле фудбал биле помотивирани да спортуваат. 

Студијата се одвивала во период од 2 години, каде 30 научници од Универзитетот во Копенхаген ги истражувале физиолошките, психолошките, социолошките аспекти во женскиот фудбал споредбено со трчањето. 100 жени до 47 години биле вклучени во студијата, поделени во 3 групи (фудбалска група, група за трчање и една контролна група) за потребите на физиолошките тестови.

На секои 4 и 16 недели овие жени биле подложени на екстензивни физиолошки тестови и биле континуирано набљудувани и интервјуирани за да се проучи социјалниот и психолошкиот ефект од нивното тренинрање. 

Заклучокот од физиолошките резултати гласи:
Жените кои играле рекреативен фудбал, држеле висока срцева фрекфенција и изведувале повеќекратни интензивни движења како спринтови, скокови, свртувања, шутеви и напади, што го прави фудбалот ефективна комбинација од кардио-васкуларен  и силов тренинг. 

По 16 недели поминати во тренинзи по фудбал (2 пати неделно со времетраење од 1 час) дојдено е до заклучок дека тренирањето фудбал, со игри на скратен простор со жени помеѓу 19-47 години без предходно искуство во овој спорт, се покажало ефективно во зголемувањето на перформансите.

За разлика од трчањето, при тренажниот период во фудбалот дошло до значително згоголемени кардиоваскуларни и мускулни адаптации, вклучувајќи го и мускулниот раст.

Резултатот од социолошките резултати гласи:
Рекреативниот фудбал кај жените поттикнува социјални интеракции и создавање на нови пријателства.

Проектните тимови драстично се разликувале во мотивацијата:
Оние кои играле фудбал во голема мера биле мотивирани од самата активност, од забавата и од тоа што припаѓале на група.
Оние кои трчале биле многу повеќе мотивирани околу здравствените придобивки и здравиот живот воопшто. 

Студијата покажува дека организацијата полесно се задржува во група и дека повеќето жени продолжиле да играат фудбал и по завршувањето на проектот, додека многу малку продолжиле да трчаат. Исто така, интересно е што доста жени од групата за трчање се придружиле во фудбалската група. 

Постојат неколку пречки со кои жените се соочуваат кога треба да бидат физички активни.

Во голема мера, фамилијата се гледа како пречка, особено во случаи кога децата сеуште се малечки.

Друштвото за вежбање е спомнато неколку пати кога групата што играла фудбал разговарала за важноста да се биде посветен на активноста.

Учесничките во спортските активности создале нови пријателства и воедно добиле влез во ”фудбалскиот свет”. Некои од учесничките истакнале дека учеството во фудбалската група влијаело на нивните фамилијарни и колегијални релации како и на способноста за склопување на нови познанства. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија