„Железната завеса“ ќе се претвора во вело-патека

Европската унија одвојува 2,4 милиони за развој на велосипедскиот туризам, конкретно за конектирање на трасата од Баренцовото до Црното Море која пред 25 години претставуваше „Железната завеса“ со велосипедска стаза преку која ќе можете да минете низ едни од најзначајните историски места. 

 

„Железната завеса“ во времето на Студената војна претставуваше 6,800 километри долга идеолошка, политичка и физичка бариера меѓу Истокот и Западот која ја двоеше Европа на два дела повеќе од половина век. Таа се протегаше од границата на СССР и Финска на север т.е. од Баренцовото море до границата меѓу Бугарија и Турција на југ т.е. до Црното Море.

Сега, тие 6,800 километри кои минуваат низ едни од најзначајните историски места и локации, меѓукои и остатоците на Берлинскиот ѕид ќе бидат претворени во стаза која што граѓаните и сите заинтересирани вело-авантуристи ќе можат да ја минат на своите велосипеди.

Повеќе за проектот, фундирањето и за стазите од кои ќе биде составена оваа велосипедска патека можете да прочитате на официјалниот сајт тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија