Крушево

Заврши Светскиот куп во параглајдеризам

Минатата недела беше комплетиран и последниот летачки ден од натпреварувачката фазата на Светскиот куп во параглајдеризам која се одржуваше во Крушево. Македонскиот пилот Мартин Јованоски се покажа во одлично светло со два големи успеси.

На втората трка која се одржуваше во понеделникот, нашиот пилот Мартин Јованоски успеа да го освои првото место и да стане првиот Македонец кој победил на PWCA Task, најбрз пилот на зададената рута.

Во целокупните резултати, тој го освои првото место со тимот на GIN (бренд на параглајдери за кој лета), а воедно и избори место за учество на 2014 Paragliding World Cup SuperFinal кое што оваа година ќе се одржи во Денизли, Турција од 27.09.2014 до 05.10.2014.

Деталните резултати можете да ги погледнете ТУКА.

ФОТОГАЛЕРИЈА ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија