Ken Wylie - "Buried” - ПРЕПОРАЧУВАМЕ!

„Затрупан” од Кен Вајли

Авторот на книгата Кен Вајли (Ken Wylie) е еден од преживеаните во големата лавина која се случила на планината Селкирк во Британска Колумбија на 20 јануари, 2003 година. Во оваа несреќа имало 13 затрупани луѓе од кои 7 го загубиле животот…

 

Кен бил ассистент водич на ски турата и работел за главниот водич и газда Руеди Беглинџер. Кратко пред несреќата тој сакал да даде отказ, но сепак решил да остане и да ја доработи последната недела од договорот со цел да стане целосно сертифициран интернационален планинарски водич.

Секој ден тој размислува за трагедијата и неговата улога во неа, повод што го тера да започне со пишување на книгата за која му требале пет години за да ја заврши. Во неа, тој ги опишува човечките фактори за кои верува дека довеле до смртта на седумте клиенти, вклучувајќи го и легендарниот сноубордер Крег Кели.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија