Започна Reel Rock 12 турнејата

Овој ноември со премиера во Болдер, Колорадо започна турнејата на дванаесетото издание на филмскиот фестивал кои главниот акцент го става на качувачките спортови – Рил Рок 12. 

Оваа година фестивалот е составен од четири интересни и инспиративни филмчиња кои веќе ја имаат започнато патувачката светска турнеја. Во разговор со Тони Димитров, еден од главните виновници за тоа што овој фестивал веќе неколку години се прикажува и во Скопје, тој неофицијално ни откри дека тука можеме да го очекуваме некаде после февруари. 

Претходно, најблиску ќе се емитува во Белград на 22 ноември и Софија на 29 ноември. 

Погоре можете да го погледнете трејлерот на фестивалот каде се открива дел од подготвените парчиња. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија