Заокружи го Охридско езеро

Денот 21 јуни можеби е светски ден на јогата, но е локален и важен ден за Охридското езеро и се прославува од 2000та година, на иницијатива од Билатералниот Секретаријат за заштита на езерото и сливот на водите, кога за прв пат општините Поградец, Струга и Охрид потпишаа мемеорандум за разбирање и соработка, за зачувување на природното богатство.

Воедно по 6-ти пат организирано се возеше велосипедска тура околу езерото со особено важна порака: Да се зачува едно од најстарите езера и неговата околина со националниот парк Галичица за да се зашитити природниот еко систем и мноштвото ендемски видови што живеат во него. За таа цел e спроведена ПЕТИЦИЈА за заштита на Охридско езеро и Галичица како и акција за чистење на охридските плажи на која се огласија неколку месни заедници како Лагадин, Елшани, Трпејца, Пештани и Љубаништа.

И покрај врнежливото време се собраа 50-тина души и го извозеа патот од околу 100 километри од Македонска и Албанска страна за да го одбележиме овој ден и да ја покренеме свеста за заштита на ова наше бесценето природно богатство.

Повеќе за настанот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија