Закитени младите кик боксери

Македонската кик бокс Јуниорско кадетска репрезентација на Европското првенство во Круница Здруј , Полска каде беа присутни 36 држави и 1669 спортисти од Европа освои 1 златен и 2 бронзени медали.

На Елена Стојчевска + 70кг фул контакт , ждребот и беше наклонет уште на почетокот на Европското првенство. Сребрениот медал и беше обезбеден, а на последниот ден од првенството се позлати. Хрватската натпреварувачка Хели Цузич ја предаде борбата и Елена Стојчевска се закити со злато. Иако е необично за вакви спортски збиднувања, Елена се закити со злато, а Македонската хима се свиреше во салата во Круница Здруј.

-Марија Божиновска +70кг лајт контакт бронзен медал

– Љупче Коцев -55кг. Лоу кик бронзен медал

Освојувањето на овие медали е само продолжување на континуираната студиозна работа на стручниот тим на Кик Боксинг Федерацијата на Македонија кој во јуниорите и кадетите ги гледа наследниците на нашите постари и успешни сениори кои успешно ја претставуваат Р.Македонија на меѓународно поле.