Забранетите јаболка на алпинизмот и планинарењето

Некои од религиски, некои од безбедносни или можеби конзервациони причини, ова се 5те планинарски/алпинистички локации кои ќе останат забранети за оваа спортска фела, ама и секогаш ќе останат најпривлечни.

Spider Rock 

Локализиран во територијата Наваxо во северна Аризона, Spider Rock е една од највисоките природни кули во светот. Се издигнува на 243 метри од тлото на кањот Де Шели, a племињата кои живеат на овие простори забрануваат качување на ова географско здание поради митолошките верувања дека Spider Rock е местото каде што живее нивниот бог Spider Gradnmother (Бабата пајак).

Shiprock

Оваа формација, геолошки претставува огромна вулканска стена која се наоѓа во северозападниот дел на Навахо територијата, блиску Мексико. Од целава листа на забранети локации за планинарење и алпинизам, на оваа карпа се правеле најмногу тајни обиди за качување. Тоа е забрането од 1970 година, но алпинистите сè уште прават тајни посети.

Kailash

Иако неколку експедиции од западот собирале воени информации на планината Каилаш пред кинеската влада да го забрани качувањето во 2001, 6,638 метри високиот врв сè уште не е искачен. Локализиран е во Тибет и претставува свето место за повеќе религии вклучувајќи го Хиндуизмот, според кој се смета дека планината е живеалиштето на богот Шива и неговата сопруга Парвати.

Ball’s Pyramid

Ова геолошко здание лежи на 19 километри од брегот на австралискиот остров  Lord Howe. За прв пат е качена во 1965 година од австралиска експедиција која морала да се избори со огромниот број на стоногалки кои биле присутни за време на качувањето. Владата на Нов Јужен Велс строго го ограничува пристапот до островот поради тоа што тој е дом на загрозениот вид на инсект Lord Howe Island stick insect (инаку еден од малкуте Лазарус таксони, видови кои „исчезнале“, но повторно се појавиле по извесен период). Експедициите многу ретко може да ја извадат потребната дозвола за качување на островот.

Gangkhar Puensum

На границата помеѓу Бутан и Кина, Ганкар Пуенсум е највисоката планина во светот која се уште не е искачена. Четири експедиции во `85та и `86та година не успеваат да ја искачат планината, а во 1994 година владата на Бутан, од духовни верувања и обичаи го забранува качувањето на врвови над 6,000 метри. Во 2004 година, Бутан целосно го забранува планинарењето со што Ганкар има најголеми шанси да остане највиоската неискачена планина на светот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија