Втората Македонка патува на глобалната спортска менторска програма

Силвија Митевска, претседателката на невладината органиација ТАКТ, Скопје е помеѓу 16те девојки од цел свет кои на основа на нивните извонредни спортски резултати и залагањето за унапредување на жените преку спортски активности, се одбрани да учествуваат во менторската програма поддржана директно од Стејт Департмент на САД.

Силвија ќе партиципира во програмата која ќе се одвива во Вашингтон и Њујорк и по завршената програма ќе се стекне со титула-нов лидер за глобалната спортска менторска програма 2016та, а заедно со менторката Сусан Цохиг (заменик претседателка на Националната Хокејска Лига) ќе развијат акциски план за ТАКТ, кој ќе се имплементира во Р.Македонија а ќе опфаќа зајакнување и унапредување на жените преку спорт.

Силвија Митевска во минатото беше професионален параглајдинг пилот и своевремено се натпреваруваше во дисциплината крос кантри и акробатско параглајдерство. Таа е втора Македонка која ќе земе учество во оваа престижна програма, по Илина Арсова која е една од основачите и активните членови на ТАКТ, Скопје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија