Воведена задолжителна опрема за искачување на Мон Блан

Од оваа сезона, следејќи ги бројните несреќи и спасителни акции на лица со слаба опрема за големи височини, донесен е закон за задолжителна опрема при искачување на највисокиот врв на Алпите. 

Пред неколку недели градоначалникот на Сен Жерве и советник за подрачјето на Мон Блан Жан-Марк Пеилекс воведе закон (валиден на општинско ниво) со кој од планинарите кои се качуваат на Мон Блан по класичната патека се бара да поседуваат минимална потребна опрема за врвот.

Оваа акција е одговор на се поголемиот број на случаи на планинари/планински тркачи кои се обидуваат да го качат врвот со несоодветна опрема од кои дел завршија со спасителни акции или несреќно. 

Статистиката вели дека на годишно ниво врвот привлекува околу 20000 посетители, а самиот по себе тој претставува комплексно искачување на карпест терен, движење на глечер и стрмни снежни падини.

Задолжителната опрема опфаќа

  • Заштитен шлем
  • Челна ламба
  • 2 пара ракавици (едни потенки, едни зимски) 
  • Гамашни
  • Водонепропуслива јакна, облека и пантолони 
  • Соодветни чевли за високогорско планинарење и дерези
  • Појас и систем за спасување од креваси
  • Јаже
  • Цепин
  • Штеки 
  • ГПС или алтиметар
  • Капа, наочари, маска и крема за заштита од сонце

Сепак, оваа одлука покрена и многу прашања за тоа каде и на кој начин истата би стапила во сила, дали би се активирале задолжени лица за проверка на истата и најважно како некој ќе докаже дека опремата која ја поседува знае коректно и правилно да ја користи. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија