Чакмак и пол

Разните видови запалки и кибрити секогаш ќе ја имаат слабата страна кога влагата им е комшија па за да си немате проблем со намокрени запалки кога итно ви треба оган, облечете го „бикчето“ во водоотпорно руво, или купете си кеса.

Доколку сте чест становник на отворените шуми, планини и кампинг екскурзии многу веројатно е дека некогаш сте се сретнале (или ќе се сретнете) со фрустрацијата „намокрена запалка“ во моменти кога ви треба па макар и единствено да го запалите плинското кое му треба само искра (да не правиме муабет за оган). 

Exotac доаѓа со прилично убаво решение (кое збира пари на Кикстартер) за оваа проблематика со нивниот „водоотпорен чорап“ за малите BIC запалки кое не само што ја прави запалката отпорна на влага туку доаѓа и со уште едно решение – замена за вашиот палец кој треба да го држи пластичното копче за континуирано горење на пламенот. 

Во самиот оклоп запалката е целосно водоотпорна до 1 метар длабочина (до половина час), а доколку ви треба оганот од запалката подолго да гори, опцијата со замената за палецот ќе ве заштити од малку изгорен палец (ништо страшно, ама може на некој да му смета). 

Убава и штосна работа која може да се прикачи на клучевите, а ако не сте фан на некои вакви богами скапи (15 долари) параферналии тогаш секогаш можете да одите со варијанта запалка во зипер кесичка, а ако правиме муабет за палецот тогаш нека биде Зипо во зипер кесичка.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија