Водена радост за децата со аутизам од Штип
Пливачки Клуб “Челични” од Штип и Дневниот Цeнтар за деца со посебни потреби од Штип веќе втора година по ред продолжува соработката со центарот за аутизам. Оваа иницијатива е под водство на координаторите на клубот Методи Петров и Мирко Јакимовски кои се задоволни од постигнатото за децата кои едноставно милуваат да ја осетат волшебноста на водените игри и научат да пливаат.